Неколкумина ракометари на Монпелје, вклучувајќи ги и браќата Карабатиќ, во вторникот, во раните утрински часови, ја напуштиле полициската станица во Париз и заминале за Монпелје, каде во текот на денот ќе се појават пред судот, потврди нивниот адвокат Жан-Ив Линард.
Непознато е колку мина ракометари се пуштени од полициската станица во Париз, во понеделникот навечер во Монпелје биле префрлени тројца ракометари Микаел Робин, Вид Кавтичник и Висем Хмам, додека Исам Теџ, 33-годишниот пикер бил задржан во притвор.
Сеуште не е познато дали ракометари ќе играат за својот тим во среда, за кога е закажан мечот со Тулуз.
Браќата Карабатиќ и останатите играчи им се соочуваат со петгодишна затворска казна доколку се докаже дека го наместиле мечот со Рен, одигран во мај оваа година.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: