Иако рецесијата ги притиска граѓаните на Грција, нашиот јужен сосед планира да изгради патека за Формула 1, пренесе Autosport.
Грчката влада наводно веќе обезбедила 30 милиони евра за изградба на патека која би била сместена во близина на Патра, третиот најнаселен град во Грција.
Но, секако, 30 милиони не се доволно за еден ваков проект, затоа што вкупните трошоци би изнесувале близу 100 милиони евра.
Во август годинава, грчката влада одобри нови мерки за штедење по што на улиците на грчките градови излегоа незадоволните граѓани, па од тогаш низ најголемите градови на Грција речиси секојдневно има протести.
Затоа неверојатно звучи податокот дека тамошната влада веќе донела одлука за давање зелено светло за изградба на патека за Формула 1 трки.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: