Русија во вторникот му порача на НАТО и на другите западни сили да не бараат начини да се вмешаат во војната во Сирија или да воспоставуваат тампон зони меѓу владините сили и бунтовниците.
Изјавата на заменикот министер за надворешни работи на Руската Федерација, Генадиј Гатилов, претставува едно од најдецидни руски предупредувања до Западот и арапските лидери да не се инволвираат во 18-месечниот сириски конфликт.
„Во нашите контакти со партнерите во НАТО и регионот ги повикуваме да не го бараат изговор за воено сценарио или за иницијативи како што се воведување на хуманитарни коридори или тампон зони“, ја цитира изјавата на Гатилов агенцијата Интерфакс.
макфакс
Русија и Кина досега трипати вложија вето на обидот на западните сили и арапските земји во Советот за безбедност на Обединетите нации да донесат резолуција за Сирија, образложувајќи дека текстовите на предлозите се еднострани, односно дека за конфликтот го осудуваат само сирискиот претседател Башар ал-Асад, но не и вооружената опозиција која сака да издејствува негово заминување од власта. Москва и Пекинг, исто така, го блокираа наметнувањето санкции за Дамаск тврдејќи дека така се отвора пат за повторување на ткн Либиско сценарио, односно странска воена интервенција во Сирија.
Пронајдете не на следниве мрежи: