Помалку калории со 12 едноставни трикови

Одржувањето на телесната тежина подразбира внесување на 2.200 калории дневно, а ако сакате да ослабите, ќе мора да се откажете барем од 50 калории. Па ако вашата цел е да симнете неколку килограми до почетокот на ноември, време е да почнете да ги применувате триковите на австралиската нутриционистка Фиона Так.
Имено, таа има совршено решение на вашата трпеза да се најде сето она што го сакате.
Сите ние јадеме повеќе одошто ни е потребно и внесуваме многу повеќе калории“, вели Фиона, и додава:
Дали некогаш сте помислиле дека просечната порција тестенини во ресторанот има дупло повеќе калории од онаа што ја приготвувате сами дома?“ 
Значи, се работи за големината на порциите, а не за исфрлување одредени намирници од исхраната. Сите обожаваме тестенини, но преголемата порција сосе сите сосови што се служат со неа има 1.000 калории по чинија. Но тоа не значи дека не треба да јадете тестенини. Сè што треба да направите е да ја одредите големината на порцијата пред готвењето и да не дозволите вкусот да ве маѓепса, па да паднете во стапицата – прејадување.
Половина шолја макарони е сосема доволно за еден човек. Но ако се занимавате со интензивна физичка работа, тогаш можете да додадете малку повеќе“, советува Фиона.
Следете ги нејзините практични совети:
√ Пола шолја интегрални тестенини по лице, со многу зеленчук и со посно месо може да има трипати помалку калории од тестенините што ги приготвувате вообичаено, поточно 400 калории.
√ Салатата често има многу малку калории и многу зависи како ќе ја зачините. Ако сте љубители на павлака и мајонез, знајте дека 100 г таква салата има 200 калории, додека, пак, салатата зачинета со лимон содржи 15 калории.
√ Пица со четири вида сирење може да има до 1.000 калории, додека, пак, онаа со морски плодови околу 500.
√ Сто грама пуканки содржат 100 калории помалку од кесичка чипс.
√ Наместо путер за појадок, изберете кравјо сирење, бидејќи едно тенко парче содржи само 46 калории. Путерот можете да го замените и со мачканица од сирење, која не содржи многу заситени масти.


√ Печениот компир има трипати помалку калории од пржениот (во иста порција).
√ Една лименка обичен газиран пијалак содржи 144 калории, додека, пак, оној на база на засладувачи – 0.
√ Јадете плескавица без лепина и ќе се поштедите од 500 калории.
√ Една лажица мајонез содржи 90 калории. Чаша грчки јогурт има 335 калории помалку од исто количество мајонез, а сенф девет пати помалку калории.
√ Варени наместо пржени јајца – трипати помалку калории.
√ Во 100 г суви сливи има 268 калории, а во 100 г суви смокви само 100.
√ Наместо капучино со шлаг, пијте турско кафе со шеќер. Ќе избегнете дури 100 калории, па и повеќе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.