Денес на армискиот полигон “Криволак“ започна вежбата “Есенска Бура“, која ќе треа неколку дена. Ова е прва ваква вежба во која заеднички учествуваат единици на АРМ, МВР и институции од кризниот менаџмент.
На вежбата припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции ( баталјонот за специјални намени и ренџерскиот баталјон) , Здружената оперативна команда (единици од воздухопловната бригада, од баталјонот воена полиција и првата механизирана пешадиска бригада), заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи од единицата за брзо распоредување, единицата за специјални задачи и хеликоптерската единица, а со поддршка од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, изведуваат поголем број на вежбовни активности, соопштија од Министерството за одбрана. Со вежбата воедно се врши и тестирање на борбената готовност на единиците, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент, посочија од таму.