Путин: Гаспром не е монополист

 

Жалбите на Европската комисија дека руската компанија Гаспром се однесува како монополист се неосновани, изјави во вторникот во Москва претседателот на Русија, Владимир Путин.

Путин на инвестицискиот форум „Русија повикува“ истакна дека доколку во активностите на гасниот холдинг бидат воочени случаи на корупција, со нив треба да се занимава полицијата. 

Според Путин, Гаспром зазема околу 27 отсто од европските пазар, додека норвешките компании имаат 29 отстотен удел.

„Па каков е тој монополизам. Се почесто слушаме жалби како Гаспром води бизнис, во кој има одредени коруптивни елементи. Веројатно има, но за тоа постои милиција, или како што сега модерно се нарекува полиција“, рече Путин. 

Мак Фах

Пронајдете не на следниве мрежи: