Стрес тестовите спроведени над европските нуклеарни електрани открија илјадници проблеми, за чие решавање се потребни неколку милијарди долари нови инвестиции, покажува извештајот на Европската унија (ЕУ).
Во извештајот објавен во вторникот, Европската комисија (ЕК) проценува дека трошоците за унапредување на безбедноста во 134 реактори би можеле да се движат во распон од 10-25 милијарди евра.
Комисијата би скала подобрувањата да бидат спроведени до 2015 година, но не се бара затворање на нуклеарните реактори, пренесе Франс прес. Официјалната верзија на извештајот се очекува официјално да биде претставена во четврток од стран на европскиот комесар за енергетика, Гинтер Етингер.
Мак Факс
Повеќе вести на следните линкови.
Путин: Гаспром не е монополист
Србија на чекор до одлука да ја забрани парадата на гордоста
Пронајдете не на следниве мрежи: