Фитнес моделот покажал како изгледа нејзиниот задник во реалноста

Колку пати сте наишле на фотографии од витки жени со совршени гради и задници? Многу припаднички на понежниот пол се воодушевуваат на ваквите навидум совршени девојки, но Инстаграм ѕвездата Малин Нунез одлучила да покаже колку има вистина во тоа.
Таа објавила фотографија од реалниот изглед на нејзиниот “совршен” задник.
“Не сум совршена. Јас сум човечко суштество со целулит, имам стрии, вишок кожа и така натаму, но не се плашам да го покажам тоа”, напишала Малин покрај фотографијата на која позира на три начини.

 

View this post on Instagram

 

The anatomy of muscles ?? Lets share how my booty looks like when I’m actually squeezing ??‍♀️ I’ve shared my relaxed photos before VS flexing and I usually get accused of lying about my relaxed photos and that I squeeze to get cellulites ??‍♀️ But I’m really not perfect in any way, I’m also a human with cellulites, I have some stretchmarks, loose skin etc and I’m not afraid to show it ?? Because I know I’m not alone, YOU are not alone. We sit and feel bad about ourselves and compare our flaws to a perfect picture, but at the same time maybe that person compares her body with someone else and feel bad. We just need to sit down and come back to reality and we need to stop comparing ourselves to others ❤️ #cellulites #flaws #glutes #fitness #transformation

A post shared by MALIN NUNEZ ♕ (@malinbjork) on


Нунез е инаку мајка и вљубеничка во фитнесот, но колкав труд и да вложува, со оваа објава јасно дала до знаење дека и понатаму има несовршености кои денес е лесно да се скријат на социјалните мрежи.


“Седиме и се чувствуваме лошо поради нас самите. Се споредуваме со совршените фотографии, а истовремено и таа личност која ја набљудуваме се чувствува лошо поради нешто”, додала Малин.
Фитнес моделот може да се пофали со повеќе од половина милион следбеници со кои постојано споделува фотографии од своето тело, како и инспиративни вежби и идеи за здрави оброци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.