28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се  21 лице – извести МВР

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (28/29.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 21 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Арачиновец ја убил сопругата во семејниот дом

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.