28 луѓе мртви до сега

На Филипините загинаа 28 луѓе, а тајфунот се приближува кон кинескиот брег
Уште најмалку 13 лица се водат за исчезнати, главно при лизгање на земјиште во планинските области, соопштуваат филипинските власти.
Откако ги опустоши Филипините каде загинаа 28 луѓе тајфунот “Мангхут“ се зајакна, и се приближува до Хонг Конг и кинескиот брег.
Додека моќните бранови ги заплискуваа долните региони, а прозорците на бројните облакодери се тресеа од силниот ветер, Хонг Конг утринава го крена нивото на тревога на највисоко ниво.Во очекувањето на најсилниот тајфун годинава, а со цел да се намали бројот на жртви и повредени властите на Филипините евакуираа дури 800.000 жители.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.