Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово, Фадиљ Вокри ги обвини челниците на светскиот и европскиот фудбал дека применуваат двојни стандарди, откако вчера Гибралтар стана привремена членка на УЕФА.
Разочарани сме со одложувањето на нашиот прием. Не ги разбираме причините кои стојат зад тоа. УЕФА има еден стандард за Косово, а друг кога е во прашање Гибралтар, територија која не е призната од ниту еден фудбалски сојуз. Изненадени сме поради присутните разлики и опструкции со кои сме соочени”, рече Вокри.
ФИФА во мај му даде согласност на Косово, но ја промени одлуката по протестите на Фудбалскиот сојуз на Србија и претседателот на УЕФА Мишел Платини.
Светската фудбалска организација во декември одново треба да расправа дали на репрезентацијата на Косово да и дозволи да игра меѓународни пријателски натпревари.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: