Балак стави крај на кариерата

 

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Германија, Михаел Балак одлучи да ја заврши својата кариера, пренесоа германските медиуми.

Откако му истекна двегодишниот договор со Баер Леверкузен, се шпекулираше дека Балак преговара со клубови од американската МСЛ лига и од Австралија.

Балак, кој на 26 септември наполни 36 години, првите фудбалски чекори ги направи во Хемницер (источна Германија). Во својата професионална кариера настапуваше за Кајзерслаутерн, во два наврати за Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Челзи, а од јуни беше без ангажман.

За германската репрезентација, Балак одигра 98 натпревари и постигна 42 гола.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: