Франкфуртскиот аеродром, кој е најфреквентен во Германија, го отвори денеска новиот, проширен терминал, со цел да го зголеми својот капацитет за шест милиони патници годишно.
Изградбата на 800-метри долгиот комплекс чинеше 700 милиони евра и траеше околу четири години, соопшти операторот на аеродромот „Фрапорт“.
Проширениот терминал е проектиран за широкотрупни авиони, како што се „Ербас А380 суперџамбо“ и „Боинг Б747“, кои слетуваат на третиот по големина европски аеродром.
– Креиравме и дополнителен простор за до шест милиони патници годишно, изјави претседателот на извршниот одбор на „Фрапорт“, Штефан Шулте.
– Тој допололнителен капацитет ќе ни овозможи да му излеземе во пресрет на поголемиот проток на патници, што го очекуваме во следните години и да ја зацврстиме својата улога како еден од водечките светски аеродроми, додаде тој.
Над 56 милиони патници минатата година минаа низ франкфуртскиот аеродром, што е за 6,5 отсто повеќе во споредба со 2010 година.
Новото проширување ќе го зголеми капацитетот на аеродромот на годишно до 65 милиони патници во однос на сегашното ниво од 59 милиони.
Пронајдете не на следниве мрежи: