До пред 30 години местото каде што се простира Дубаи беше едно безлично место на мапата на Средниот Исток. А денес, како втор по големина најголем емират, се претвори во едно од најкарактерисичните и уникатни места во светот. Како еден вид на мешавина на модерен град и пустина ги спојува Истокот и Западот во една точка и на многу убав начин го прикажува егзотичното минато во модерен изглед. Оваа метропола буквално го вчудоневидува секој турист, со своите фасцинантни калеидоскопи на бои и контрасти. Покрај тоа, Дубаи претставува водечки центар на бизнисот и туризмот на Средниот Исток, како и економски лидер на Обединетите Арапски Емирати. Како и да е со оглед на културата која е длабоко вкоренета во Исламската традиција на Арабија, овој град сеуште го задржува својот шарм со уникатен Арапски белег во идентитет кој еволуираше за да може да доликува на интернационалниот начин на живот.
Комбинирајќи го 21от век со својaуникатност, мистерија и гостопримиство на традиционалната Арабија, милионите жители на Дубаи живеат со динамика и постојано го прошируваат и модернизираат во ултра модерен центар со нишки на ориентален раскош.
Денес, некои од најзабележливите белези во светов се наоѓаат во Дубаи, како што се највисокиот и најскапиот хотел, најдолгиот мост,најголемите шопинг центри и слично. Плановите за зголемување на неговата уникатност се се подостижни. Имено целта на лидерите на Обединетите Емирати, е Дубаи да стане Град на иднината и несомнено е дека го остваруваат својот сон. Нивното незапирливо градење доведе до идеа да се изградат острови во форма на палми веднаш до крајбрежјето на Дубаи кои единствено може да се објаснат како легенди. Видливи од вселената, и иако самопрогласени како 8мо светско чудо,нивниот поглед е феноменален со вчудоневиден концепт, острови кои наликуваат на палми се издигнуваат од морето и како со магија да е засекогаш променет хоризонтот на Дубаи.
Кога посетителите доаѓаат во допир со Дубаи, наоѓаат супер модерна, беспрекорна метропола која ти дава впечаток дека се наоѓаш на некое футуристичко место. Високите, стаклени облакодери во чудни облици, неговата екстравагантност и уникатност даваат впечаток дека се наоѓате во град со ненадминлива возвишеност. Според лидерите на Емиратите она што досега е достигнато за Дубаи е само 10% од нивната замисла.
Пронајдете не на следниве мрежи: