Пет едноставни трикови за новогодишна атмосфера во сечиј дом

ма луѓе кои не можат да дочекаат да дојде 1-ви декември, за во својот дом да создадат новогодишна атмосфера, но има и такви кои за тоа го чекаат последниот момент. Но, малкумина се оние кои се имуни на сијаличките и прекрасната атмосфера која ја нуди најубавиот дел од годината.
Освен местата за елката и столот за одморање на Дедо Мраз, има места во вашиот дом кои често се запоставени, а се идеални за создавање пријатност, како онаа во куќата на Дедо Мраз.
Изберете црвени, бели и зелени детали кои во одреден момент и без премногу маки ќе ја завршат работата наместо вас. Ако немате, тогаш инспирирајте се од нашата галерија со новогодишни асортимани.
1. Кауч на кој би можел и Дедо Мраз да се одмори


Само неколку новогодишни навлаки за перници, во кои ќе ги ставите вашите стари перници или некои нови навлаки, кои моментално ќе му дадат пријатна нота на новогодишниот период и поставете ги во дневната соба. Не заборавајте на меките и плетени чаршафи, кои треба да ги поставите до краевите на каучот, а тие, освен како декор можат да послужат и за да се загреете во ладните зимски вечери.
2. Кревет во кој секое утро е новогодишно


Декоративните пижами кои сте ги добиле како подарок на минатиот Божиќ или Нова година, надополнете ги во постелнината со новогодишни мотиви. На наткасните ставете новогодишни украси и свеќи. Новогодишното утро не мора да биде само едно, туку со истата возбуда може да се будите многу други утра пред и после него.
3. Новогодишна кујна


Сега е вистинско време за вашите досадни рафтови во кујната да заблескаат како новогодишни елки. На нивните држачи ставете мали венчиња или украси како борчиња, ореви, снешковци, црвено-бели лизгалки и останати мотиви кои потсетуваат на тоа дека пристигнува најубавиот период од годината. Ставете и соодветно светло во кујната, кое ќе биде поинакво од вообичаеното кое го гледате преку целата година.
4. Зимска идила од двете страни на прозорците


Прозорците се уште едно место кое можете да го украсите во овој период и да создадете топлина во вашиот дом. Завесите прицврстете ги со украсни траки, а на прозорот ставете украси како свеќи, соодветни лампиони, керамички фигури или светла.
5. Дајте им до знаење на вашите соседи дека сте подготвени


На шпионката закачете новогодишен венец или некој друг соодветен украс. Старото ѕвонче заменете го со она кое повикува на влез во дом во кој владее новогодишна атмосфера. Само еден ефектен детаљ пред вашата врата, како Дедо Мраз кој е удобно сместен на столицата за одморање, може да направи голема промена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.