Мала кинеска компанија го тужеше американскиот претседател Барак Обама поради забраната за купување на ветерни турбини во близина на воена база, пушува The Wall Street Journal.
Според тужбата на компанијата „Ralls Corp“, е затоа што американскиот претседател Барак Обама, со издавањето на указот со кој се запира проектот за купопродажбата на фармите со ветерни турбини за производство на електрична енергија, поради можна закана за националната безбедност на САД, се ставил над законот и неговите овластувања.
Минатиот петок, претседателот на САД, всушност го анулираше договорот со кој две кинески претприемачки компании станаа сопственици на четири фарми со ветерни електроцентрали кои се наоѓаат во близина на военопоморската база за тестирања и увежбувања во Бордман во сојузната држава Орегон. Препораката да се поништи договорот претходно во септември, издаде и Комитетот за странски инвестиции САД.
Американското министерство за финансии објави дека фирмата „Ralls Corporation”, е компанија впишана во регистарот на трговскиот суд во Делавер, во сопственост на Кинез и е поврзана со кинеска градежна компанија за производство на електрични централи на ветер.
Со оваа одлука на американската команија „Ralls Corporation”, и на нејзината кинеска филијала „Sany Group” како и на кинеските државјани, им се наложува во рок од 90 дена да се откажат од купувањето на споменатите фарми.
Одлуката на Обама донесена во периодот кога се разгорува претседателската изборна кампања во земјата, е првата ваква донесена по повеќе од две децении, кога американскиот претседател забранува или поништува предложена трансакција поради причини од националната безбедност, врз основа на законот донесен во 1950 година.
Компанијата поднесе тужба во септември против Комитетот за странски инвестиции, но оваа седмица го промени текстот на побарувањата, со тврдење за наводно злоупотреба на власта од страна на претседателот и отсуство на фер судење.
Според експертите, шансите на компанијата за победа се мали. Но, некои аналитичари сметаат дека таквите тужби може да го направат процесот на планирање на проектите на странски компании во САД потранспарентен.
Њујорк, 03.2012 (Макфакс)
Пронајдете не на следниве мрежи: