Фудбалската репрезентација на Македонија бележи пад од дури седум места на ранг листата на ФИФА, која светската куќа на фудбалот ја објави во средата.
Поразот од Хрватска и нерешениот резултат со Шкотска, како и резултатите на другите селекции на македонската репрезентација и го донесоа 104-то место на ФИФА листата.
Пред Македонија се наоѓаат репрезентациите на ДР Конго, Доминиканска република, Катар, Судан, Мозамбик, Либерија, Исланд, Малави, Оман…
Кога станува збор за противниците во квалификациите за пласман на СП во Бразил, противникот на Македонија на 12. октомври, Хрватска, има највисок рејтинг. Хрватите бележат пад од две места и се наоѓаат на 11-то место на листата.
Голем подем бележат селекциите на Белгија и Србија од десет односно девет места, Белгија се наоѓа на 30-то, а Србија на 33-то место.
Шкотска и Велс се позиционирани на 56-то односно 57-то место. Шкотска назадуваше девет, а Велс 12 места.
Што се однесува до врвот на листата таму лидер е Шпанија, пред Германија и Португалија која напредуваше две позиции, следуваат Аргентина (скок од три места) и Англија (пад од две места).
Првите десет на ФИФА листата завршуваат со Холандија, Уругвај, Италија, Колумбија и Грција.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: