Последнопласираниот тим во Серија А, Каљари, има нов тренер, откако отказ доби Масимо Фикадети. Екипата од Сардинија во наредниот период ќе ја предводи поранешниот играч Иво Пуљо.
48-годишниот Пуља има скромно тренерско искуство, до сега работел во младинските категории на Модена, а во истиот клуб бил и дел од стручниот штаб.
Каљари по шест одиграни кола во Серија А има освоени само два бода.
Фикадети е третиот тренер во калчолигата кој од стартот на сезоната добил отказ, претходно истото им се случи на Џузепе Санино (Палермо) и Доменико Ди Карло (Киево).
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: