Против ракометарите на Монпелје Лука и Никола Карабатиќ, и уште неколку лица се обвиненија поради учество во местење на натпревари.
Најзвучно име во овј скандал кој веќе неколку дена ја тресе Франција е еден од најдобрите светски играчи, Никола Карабатиќ. Против него е поднесено обвинение за нелегелано обложување и местење на натпревари.
Обвинение е поднесено и против неговата девојка Жералдин Пилет, таа сепак се наоѓа на слобода, откако платила кауција од 4.400 евра.
Братот на Никола, Лука Карабатиќ и неговата девојка, исто така се обвинети за местење на натпревари.
Обвинети за нелегално обложување и месетње на натпревари и нелегално обложување се и Словенецот Примож Прошт и Самјуел Орубија.
Обвинет, но од слобода ќе се брани откако платил кауција од 11.000 евра е и поранешниот играч на Монпелје, сега член на ПСЖ, Србинот Младен Бојиновиќ.
Телевизијата „Frаnce 3“ прва го објави скандалот, дека осуммина играчи на Монпелје се вмешани во голем скандал, односно дека го наместиле натпреварот против Рен, одигран во мај оваа година.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: