Адел ќе ја изведе насловната нумера за новиот Џејмс Бонд филм

Британската поп пејачка Адел ќе ја изведе песната “Skyfall”, која ќе биде носечката нумера на новиот Џејмс Бонд филм. Автори на оваа песна се самата Adele Adkins и Paul Epworth, кои се и главните “виновници” за најголемиот хит на оваа пејачка – “Rolling in the deep”. 

Адел самата изјави дека се двоумела дали да стане дел од овој проект, но откако го прочитала сценариото на филмот, како што самата вели се “заљубила” во филмот, и заедно со Пол ја осмислиле песната, која е снимена со оркестар со 77 инструменти!Ова беше потврдено и од официјалната твитер страна на Џејмс Бонд, каде што додадоа дека песната премиерно ќе може да се слушне во сабота, 6 октомври, на официјалната страна на Адел. Знаејќи го квалитетот на Адел и тоа каков бум направи со нејзиниот прв албум – 21, очекуваме вистински хит за оваа есен!

 

 

 

 

Во продолжение предлагаме да ги погледнете ги и следниве информации:

Анџелина Џоли ќе глуми заедно со нејзината 4-годишна ќерка

Оскарите со нешто ново за 2013

Бетмен симнат од врвот поради Борн

Пронајдете не на следниве мрежи: