Десет особини на убавите жени

Жените често запаѓаат во очај поради убавината, држат строги диети и се подложуваат на пластична хирургија.
Но, кога станува збор за убавината не е се во физичкиот изглед.
Луѓето кои на прв поглед изледаат убаво можат да ви станат сосема грди кога малку подобро ќе ги запознаете, додека некои личности за кои би кажале дека имаат просечен изглед ни се најубави на цел свет.
Тоа е доказ дека убавината не е само фасада и дека во прашање е нешто што не може да се сведе само на генетиката.
Начинот на кој жената се движи, разговара, држи до себе, начинот на кој зрачи одвантре, искрата што ја поседува. Тоа е убавината на жената. Таквите жени мажите можеби не ги забележуваат на прв поглед, но полека им се „пикаат под кожа“ со секој поглед со секој разговор.
Следните десет особини секоја жена ја прават неодолива:
Нејзината страст ја дефинира повеќе отколку физичкиот изглед
Нема ништо поубаво од страсна жена. Жената која живее со полна пареа и која работи со голема страст вреди да ја запознаете.


Го покажува своето вистинско лице
Шминкањето е избор и тука нема ништо лошо. Меѓутоа убавата жена не чувствува потреба да се крие поради своите недостатоци со помош на шминка. Таа ќе се нашминка поради себе, а не поради другите.
Не сака да биде центарот на светот
Таа не сака по секоја цена да биде во центарот на вниманието. Го прави тоа несвесно, бидејќи поседува самодоверба и скромност, а тие особини го привлекуваат вниманието на другите, повеќе од исфорсираните гестови.
Знае да се изрази
Нема ништо полошо од девојка, која не е елоквентна и не знае да каже што мисли. Дамата која има свое мислење може да биде неверојатно привлечна и е доказ дека мозокот е најсилен афродизијак.
Самостојна е
Жената на која не и е неопходен маж за да го живее својот живот е жена, која е сигурна во себе. Самодовербата е вистинскиот клуч за убавината. На таквата жена не и треба одобрување од другите за своите постапки.


Мистериозна е
Таа не отвара уста без причина и не ги открива своите тајни. Не е од оне кои зборуваат само за да го слушне својот глас. Нема ништо поинтригантно од жена обвиена со велот на мистеријата. Таа е полна со изненадувања и што повеќе ја запознавате, станува се поубава и поубава.
Сочувствителна е
Таа не мисли само на себе. Сочувствителна е и грижлива. Ќе се жртвува поради другите луѓе. Не крши срца, туку ги исцелува. Тоа е вистинска убавина.
Отворена е за нови предизвици
Убавата жена не знае за ограниченост. Отворена е за нови идеи, луѓе и места. Нејзината храброст и отворен ум се неверојатно привлечни.
Има душа
Сите знаеме што значи кога некој поседува внатрешна убавина. Постојат личности кои едноставно сјаат и во чија близина секогаш сакаме да се наоѓаме.
Го има „она нешто“
Оваа особина не може да се изрази со зборови. Таа поседува нешто, но тоа не може да се дефинира. Таа го има тој специјален квалитет, кој не можете да го објасните поради тоа што тоа никогаш во животот не сте го доживеале.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.