Нашата фудбалска интернационалка забележа уште еден маестрален натпревар за својот тим Постдам постигнувајќи ХЕТ-ТРИК за својот тим и донесувајќи му победа на овој дуел против белгиски Стандард.
Андонова првиот гол на мечот го постигна во 18-тата минута, и со тоа тимот на Постдам поведе со 1-0.
Постдам преку Огими во 45-тата минута од мечот поведе со 2-0.
Во вториот дел уште на стартот повторно нашата интернационалка го стави во очај тимот на Стандард, постигнувајќи го својот втор гол на овој меч во 47-мата минута од мечот.
4-тиот гол за Постдам го постигна Анонма во 87-мата минута.
Во продолжението од мечот, во 90-тата минута ново „шоу“ на Наташа Андонова, хет-трик „СО СТИЛ“ за конечни 5-0.
Тимот на Андонова ја заслужи оваа победа, имаше целосна доминација во текот на целиот натпревар. Конечниот исход на мечот гласеше 5-0 во корист на Постдам.
Пронајдете не на следниве мрежи: