Финансиската полиција во средата наутро влегла во просториите на Фудбалскиот сојуз на Италија и фудбалскиот клуб Наполи, барајќи документи за купувањето и продажбата на фудбалери, пренесуваат локалните медиуми.
Полицијата на предлог на јавниот обвинител извршила рација во седиштето на сојузот во Рим, како и во тренинг центарот на Наполи и ги запленила договорите на играчите и други документи.
Надлежните органи не соопштиле која е целта на истрагата.
Екипата на Наполи, чиј дрес го носи македонскиот репрезентативец Горан Пандев, во четврток, во рамките на Лига Европа гостува кај ПСВ во Ајндховен.
Макфакс
извор: танјуг
Пронајдете не на следниве мрежи: