29-годишен скопјанец украл возило од Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање моторно возило“. 

Тој, на 21.08. годинава, искористил згодна прилика и од паркинг простор во Струга, неовластено одзел моторно возило марка „Лада Самара“ сопственост на Е.К.(25) од Прилеп.

По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: