29 знаци дека ви оди добро, дури и да не се чувствувате така – I дел

Сите ние имаме денови, недели, месеци и – за некои – дури и години кога чувствуваме анксиозност и неизвесност. Од надвор, луѓето мислат дека сето тоа е измешано, но тие не можат да видат што се случува во вашата глава. Празнина ги поплавува вашите мисли и емоции многу често. Поставувате цели, но тие никогаш не го задоволуваат вашето его. Секогаш се чувствувате како да доцните еден ден.Прашањето продолжува да се врти во вашата глава: „Зошто не можам да бидам среќен? Добрите вести се дека не морате да живеете повеќе така. Има подобар поглед на светот кој ќе ве води кон она по што тежнеете. Првиот чекор е да престанете да барате. Никогаш нема да ја најдете среќата доколку постојано ја барате во некое друго време и место. Кога ќе се фокусирате на нешто во вашиот живот, она што го сакате секогаш ќе ви се оствари.
Еве листа на работи за кои треба да се насмевнете – очигледни знаци дека одлично ви од во животот:
1.Имате избор да го живеете животот како што сакате. Доколку често се грижите за тоа што ќе правите во животот, кариерата, семејството, бидете благодарни. Сите детали настрана, ова значи дека имате амбиција, страст, и слобода да донесувате свои одлуки.
2.Чекорите храбро по својот пат. Кога луѓето се расправаат со вас и ги предизвикуваат вашите одлуки, потсетете се себеси дека не морате да правите она што го прават сите други. Треба да го правите она што е правилно за вас,  дури и ако некои луѓе не се согласуваат.
3.Донесувате тешки одлуки и постапувате по нив. Колку добро ја играте играта на животот  се сведува на вашиот избор. Што и да се случи, немојте да бидете шаховската фигура, бидете шахист.
4.Работите напорно за луѓе и цели во кои верувате. Да работите за нешто што не ве интересира се нарекува стрес, но кога работите за нешто што го сакате се нарекува страст.
5.Избирате да бидете среќни на ваш начин. Кога ќе престанете да ја следите туѓата дефиниција за среќа, ќе сфатите дека  среќата била покрај вас цело време.
6.Гледате пречки ред вас бидејќи се уште не сте се смириле. Доколку се сконцентрирате на нешто, нема да имате пречки на патот, но така нема да знаете за што друго сте добри. Бидејќи вашите грешки во исто време се и ваши можности.

7.Сте го извлекле најдоброто од некои тешки ситуации.  Смеењето не значи дека секогаш сте среќни со се. Понекогаш тоа значи дека сте само силни да ги прифатите работите и да го извлечете најдоброто.
8.Сте изминале долг пат. Не ги оценувајте вашите пропаднати обиди и грешки како индикација на вашиот иден потенцијал, туку како дел од вашиот процес на созревање. Минатото ви ја дало силата и мудроста која ја имате денес, па славете го тоа и користете го знаењето кое сте го стекнале.
9.Не сте се откажале и не планирате да се откажете. Луѓето ретко се откажуваат наеднаш, се откажуваат секој ден по малку. Обидувајќи се да го поправат последното нешто што се случило, ја пропуштаат целта. Имајте го ова на ум.
10.Се трудите да го прифатите она што не можете да го смените. Да продолжите понатаму никогаш не е лесна работа, но доколку почнете да ги прифаќате работите такви какви што се, ќе ви биде многу полесно. Прифаќањето секогаш е клучот за продолжување напред.
11. Не се плашите и понатаму да паѓате. Најголемата разлика помеѓу успешните и неуспешните е таа што успешните не успеваат многу почесто, наместо само еднаш.
12. Не дозволувате стравот да ви застане на патот. Мора да се прашувате колку луѓе се плашат да умрат, делумно, затоа што често сфаќаат дека всушност се плашеле да живеат.
13.Се уште верувате во можностите што ви претстојат. Прифатете го она што го имате, оставете го она што поминало, и верувајте во она што би можело да биде. Запомнете, животот не мора секогаш да биде приближно совршен за да биде прекрасен.
14.Се осмелувате да сонувате секој ден. Д-р Кинг го одржа фамозниот говор „Имам сон“. Нашите соништа се тие кои го одредуват текот на историјата, не само плановите, продолжете да сонуваат.
Вториот дел од текстот погледнете го на: 29 знаци дека ви оди добро во животот, дури и да не се чувствувате така- II делПрашањето продолжува да се врти во вашата глава: „Зошто не можам да бидам среќен? Добрите вести се дека не морате да живеете повеќе така. Има

Пронајдете не на следниве мрежи: