29 знаци дека ви оди добро, дури и да не се чувствувате така – II дел

Во текстот 29 знаци дека ви оди добро, дури и да не се чувствувате така – I дел, имавте можност да прочитате дел од текстот, денес ви го претставуваме и вториот дел.15. Имате визија за вашата иднина. „Визија“ е способноста да зборувате за иднината со таква јаснотија, како што зборувате за вашето минато.
16. Не дозволивте судењата на другите да ве сопрат. Следете ја интуицијата, и вашето мото нека биде следното: „Со должна почит, но не ми е грижа“. Кажете му го ова на секој кој ќе даде пресуда за нешто во што силно верувате.
17.Го правите она што го можете со она што го имате. Тајната на тоа да го живеете животот од вашите сништа е да почнете да го живеете животот од вашите сништа, веднаш.
18. Правите се што можете за да добиете на вредност. За постојано да бидете  успешни, постојано морате да барате нови начини за да додадете вредност.
19. Скршнувате од патот за да им помогнете на луѓето. Услугата не е да правиме она што се бара од нас. Услуга е да правиме повеќе од тоа. Запомнете, успешните луѓе секогаш бараат начини да им помогнат на останатите.Неуспешните луѓе секогаш прашуваат: „Што добивам јас од тоа?“
20. Не се плашите отворено да ја искажете вашата љубов. Љубовта е одлична кога е искажана, но уште поубава кога е покажана. Затоа доколку се грижите за некого, покажете. Продолжете да правите мали работи секој ден за да им покажете на луѓето дека се грижите.
21. Правите разлика. Сте размислиле ли колку вашите постапки им значат на другите? Можеби насмевката која денес им ја покажавте на непознатите лица им го разубави лошиот ден. Можеби со парите кои му ги дадовте на бездомникот денес му дадовте надеж.
22. Имате ли сега доволно за да живеете удобно. Не легнавте гладни вчера. Се разбудивте утрово со покрив над главата. Да бидте богати е начин на размислување. Барајте малку, ќе добиете многу.
23. Не дозволивте материјалното да ве окупира. Нашите животи не се дефинирани според работите кои ги поседуваме. Осигурајте се дека она што го имате, никогаш нема да ве окупира.

24. Разумно сте здрави. Со други зборови, доколку денес се разболите, можете да  закрепнете. Никогаш не го потценувајте здравјето. Тоа е најголемото богатство кое некогаш ќе го имате.
25. Вашите односи се помалку драматични отколку што беа порано. Породолжете да ја заборавате драмата. Само продолжете да го правите она што го правите – да бидете искрени и љубезни, и да ги истакнувате работите кои ги сакате.
26. Избегнавте некои лоши врски. Не грижете се многу за луѓето кои не се грижат за вас. Ценете ја вашата вредност! Кога се посветувате на некој кој не ве почитува, се одрекувате од  делови од вашата душа кои никогаш нема да ги вратите назад.
27. Длабоко во себе знаете дека не сте сами. Следниот пат кога ќе се почувствувате сосема сами, потсетете се дека не сте сами.
28.Имате прекрасни луѓе кои стојат зад вас. Запомнете, во најтешките моменти ќе ги видите вистинските лица кои велат дека се грижат за вас.
29.Имате дом. Куќата е дом кога го заштитува телото и ј теши душата. Домот е каде што се луѓето кои ги сакате. Тоа не е дефинирано место туку место во вашето срце и душа.15. Имате визија за вашата иднина. „Визија“ е способноста да зборувате за иднината со таква јаснотија, како што зборувате за вашето мин

Пронајдете не на следниве мрежи: