Негативните мисли се како стаорците. Се појавуваат во банди. Прво ќе изникне една сама и потоа веќе сте освоени. На работа една вработена морало да зборува по телефон со груб клиент. Првата мисла била: “Мразам некултурни”. Веднаш потоа доаѓа и втората негативна мисла: “Не само што во оваа работа сум опкружена со некултурни, туку и плаќаат лошо”. А потоа и следната: “На работа сум опкружена со некултурни, ме плаќаат лошо и не ме ценат”.
И уште: “На работа сум опкружена со некултурни, ме плаќаат лошо, не ме ценат и сега, како си размислувам , и дома исто така не ме ценат”.
Сега веќе стаорците дојдоа во војски: “На работа сум опкружена со некултурни, ме плаќаат лошо, не ме ценат и сега, како си размислувам , и дома исто така не ме ценат и вечерва ќе треба да зготвам нешто и се прашувам што го спречува мојот мрзлив маж да стане од каучот.
А и мајка ми ме предупредуваше дека правам грешка … а сега и оваа главоболка, може да е тумор! ” Познато ли ви е ова сценарио? Најпрво само еден, а потоа стаорците се претвораат во напаст.
Еве кој е според мене најдобар начин да се ослободите од стаорците. Во моментот кога ќе се појави првата негативна мисла, поставете си ги следниве прашање: “Што можам да добијам од тоа?”
Што можам да добијам од конфронтацијата со некултурни?
– Градење карактер и тренирање трпение.
– Мастеринг вештини кои ќе ми бидат од корист во мојата следна работа.
– некултурните на работното ми место ми помагаат да го ценам мојот сопруг.
Можеш да си кажеш: “Да бидеме реални”. Еве како:
– На секој може да му се случи нешто лошо.
– Треба да го извлечеш најдоброто од секоја ситуација.
– Среќните луѓе обично си велат: “Што можам да добијам од ова?”.
– Сакаш да бидеш среќен, или не?
Замисли дека си скршил ногата. “Што можам да добијам од тоа?”
– Можам да користам одмор.
– Користа е сочувство кон болните.
– Можам да прочитам многу прекрасни книги.
– Нема да морам да пуштам правосмукалка целиот месец.
Напуштен од својата девојка. “Што можам да добијам од тоа?”
– Можам да заштедам пари.
– Можам да гледам фудбал колку што сакам.
Заклучок:
Негативната мисла привлекува уште негативни мисли. Позитивната мисла привлекува други позитивни мисли.
Пред да ги пуштите стаорците на слобода, прво запрашајте се: “Што можам да добијам од ова?”.
Прашањето не е ШТО ТИ се случува. ТУКУ КАКО гледаш на тоа што ти се случува.