Екипата на Милан го доби дуелот на гостувањето кај Зенит со 2-3, иако гостите водеа со 0-2, сепак Зенит израмни на 2-2, па автоголот на Хубочан во 75-тата минута од мечот го означи конечниот епилог од овој натпревар.
Милан со голот на Емануелсон во 13-тата минута од мечот поведе со 0-1, на 0-2 зголеми Ел Шарави само 3 минути подоцна.
Хулк навести интересна завршница на овој меч и тоа на некоја секунда до крајот на првиот дел намалувајќи на 1-2.
Во вториот дел само 4 минути игра и се случи тоа што навивачите на Зенит го очекуваат… 2-2 со голот на Широков.
Голот на Широков за 2-2 едноставно тимот на Зенит не го искористи, па не само што не постигнаа гол за водство, туку згора на се преку Хубочан во 75-тата минута си постигнаа автогол.
Конечниот епилог од мечот 2-3 во корис на Милан.
Фото: uefa.com
Пронајдете не на следниве мрежи: