Кристиано Роналдо беше клучен играч на натпреварот помеѓу екипите на Ајакс и Реал Мадрид во рамките на натпреварите од групната фаза во Лигата на Шампионите во второто коло, Мадридски Реал со 1-4 целосно го надигра домаќинот, а Роналдо со својот хет-трик беше играч во фокусот на мечот.
Прво во 42-рата минута од мечот Роналдо го постигнува водечкиот гол за Реал на овој меч.
Во вториот дел по само 3 минути игра Бензема го доведува Реал во водство од 0-2. Голот на Моисандер во 56-тата минута навести интересна завршница на овој меч намалувајќи на 1-2.
Но, повторно на сцена настапи „ГОЛЕМИОТ“ Роналдо, со своите голови во 79-тата односно 81-вата минута го „скрши“ отпорот на домаќините.
На другото дерби, мечот помеѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд заврши нерешено 1-1. Први во водство дојдоа гостите преку Ројс во 61-вата минута, а Балотели од пенал во самата завршница од мечот израмни на 1-1.
За одбележување е и втората победа во Лигата на Шампионите за екипата на Малага која игра во одлична форма, овој пат жртва на Малага беше тимот на Андерлехт, кој на домашен терен беше потполно надигран од гостите. Елисеу во 45-тата минута го постигна првиот гол за 0-1. Вториот гол беше дело на Жоакин од пенал во 56-тата минута од мечот, а конечните 0-3 ги постави Елисеу со неговиот втор погодок на мечот во 64-тата минута.
Резултати…
Зенит-Милан 2-3
Арсенал-Олимпијакос 3-1
Динамо К.-Динамо З. 2-0
Порто-ПСЖ 1-0
Шалке-Монпеље 2-2
Андерлехт-Малага 0-3
Манчестер С.-Борусија Д. 1-1
Ајакс-Реал М. 1-4
Фото: uefa.com
Пронајдете не на следниве мрежи: