Властите на Нов Зеланд одбија да му издадат виза за влез во државата на еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, бидејќи бил осуден на шест години затворска казна поради силување.
Според новозеландските закони секој којшто е осуден на затворска казна од пет или повеќе години не може да добие виза.
Тајсон во 1992 година беше осуден на шест години затвор поради силување на 18-годишна девојка во еден хотел во Индијанополис. Во затвор помина три години, а упорно тврдеше дека не ја силувал девојката.
Тајсон планираше во ноември да ги посети Австралија и Нов Зеланд за да учествува во хуманитарна приредба наречена „Ден на шампионот“.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: