Мажите кои изневеруваат се најчесто оние кои се несреќни. Но според истражувањата, 56% од мажите кои изневеруваат се сосема среќни во врската, а сепак се неверни. Експертите ширум светот постојано се обидуваат да дојдат до објаснување, кои се причините кои го предизвикуваат изневерувањето и кои се последиците од тоа.
*Најголемиот дел од мажите, сеуште ја сакаат жената која ја изневеруваат!
Иако е можеби тешко да се поверува, најголемиот дел од мажите сеуште се заљубени во жената со која се во врска, единствено не се задоволни со моменталната состојба во врската. Ова почнува да се случува тогаш кога парот малку ќе олади, а проблемот настанува со недостатокот на романтика.
*Најголем дел од нив, изневеруваат со жена која веќе ја познаваат!
Мажите кои изневеруваат, ретко одат по дискотеки и имаат афери со девојки кои не ги познаваат. Најчестите случаи се со девојки кои веќе ги познаваат. Тоа може да биде стара пријателка, или вработена во кафулето каде пие кафе. Но најчеста појава на изневерување е со колегите. Дури 60% од мажите ги изневеруваат девојките со некој кој работи со нив.
*Мажите во брак, изневеруваат со цел да го спасат!
Иако звучи смешно, сепак има смисла. Мажите ги сакаат жените кои ги имаат покрај себе, но ако постои некој недостаток кој тие не знаат да го решат на нормален начин и да изнајдат решение со партнерките, тие тој недостаток го исполнуваат со тоа што ќе бидат со друга жена.
*Мажите се мразат откако ќе изневерат!
Мажите кои ја изневеруваат својата девојка, не се неморални и бесчувствителни гадови, впрочем тие најчесто и чувствуваат огромна вина и грижа на совест. Фактот дека ја изневериле личноста која ја сакаат мошне ги јаде, и најчесто кај повеќето мажи тоа доведува до разочараност.
*Повеќе секс!
Кога мажот ја изневерува својата жена, тој го зголемува сексуалниот нагон, па и не е чудно да практикува повеќе секс со својата девојка. Колку и да му годи сексот со друга жена, сепак најудобно се чувствуваат со онаа со која се во врска.
*Жените најчесто знаат дека се изневерувани!
Поголемиот број од жените, знаат кога нешто не е во ред во врската, но се плашат да признаат. Ако би барале објаснување од мажот, откако ќе дознаат за неверството, јасно им е дека ќе бидат многу повредени, па се трудат да го одолговлечат очекуваното со цел помалку да биде тешко.
* Понекогаш неверството може да ја спаси врската!
Изневерувањето не значи секогаш крај. Многу мажи, откако девојката ќе дознае за неверството, сфаќаат дека не сакаат да ја изгубат личноста која ја сакаат и се трудат на секој можен начин да ја освојат назад. Откако ќе го споредат изборот кој го направиле, сфаќаат дека го направиле погрешниот. Останува на девојките дали сеуште ќе сакаат таков маж покрај себе.
Пронајдете не на следниве мрежи: