СЕХА: Металург дома загуби од Нексе

 

Ракометарите на Металург во Автокомандa, загубија од Нексе со 29:30 (13:15), во натпреварот од третото коло во СЕХА лигата.

Тренерот на Металург, Лино Червар, за овој меч реши да ги одмори Наумче Мојсоски, Ванчо Димовски, Филип Миркуловски и Петар Ангелов. Металург одигра лошо во одбраната што покрај неиграњето на споменатите играчи е глава причина за поразот од Нексе.  

Поразот на домашен терен за Металург е прв по февруари 2011 година, кога во ЕХФ купот во Автокоманда се радуваше германскиот Гепинген. 

Најефикасни играчи кај Металург беа Вугринец и Козлина со по шест голови, додека голманот имаше 11 интервенции. Нексе во победата го предводеа Бујиќ со седум и Матаија со пет погодоци. 

Следниот натпревар Металург ќе го одигра во сабота, кога во рамките на Лигата на шампиони, во Скопје ќе го пречека Горење Велење.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: