Facebook почна да наплаќа за објавување на слики и статуси!

Facebook почна со промотивна опција во САД, корисниците на Facebook да плаќаат одреден износ на пари со цел нивните слики и коментари да бидат видени од поголем број корисници. После неговото истапување на берзата, Facebook почна да бара секакви начини за дополнителна заработка. Во прв план беше нивното ориентирање кон мобилниот пазар, но сега оваа друштвена мрежа пронајде и друг начин: да наплаќаат за објавите на нивните корисници. неговото истапување на берзата, Facebook почна да бара секакви начини за дополнителна заработка. Во прв план беше нивното ориентирање кон мобилниот пазар, но сега оваа друштвена мрежа пронајде и друг начин: да наплаќаат за објавите на нивните корисници. За оваа опцијата да плаќате за вашите објави, се слушаше уште од почетокот на оваа година, кога и беше за прв пат тестирана во Нов Зеланд. Сега оваа услуга им е достапна и на ѓраѓаните на САД. Доколку корисниците кои ја користат оваа услуга, сакаат своите објави да бидат достапни и на поголем број на пријатели, треба да ја изберат опцијата Promote (ова копче се наоѓа веднаш до опциите Like, Comment, Share), да платат одредена сума на пари и нивната објава ќе биде достапна на News Feed на повеќето пријатели на пријателите, односно ќе може подолго да се задржуваат на врвот на новости. Во компанијата објавуваат дека размислуваат за различни видови на цени за оваа услуга, иако до сега оваа промотивна услуга за корисниците чини 7$. Слична ваква опција до сега беше достапна само за фирмите кои ги рекламираат своите производи на Facebook, а во иднина би ги гледале и објавите на Facebook корисниците кои се желни нивните објави да бидат достапни на поголем број на корисници.

Новинар на CNN испитуваше колку е прифатена оваа опција, и мислењата беа поделени. Некои од нив сметаат дека оваа опција би можела да биде корисна за политичарите, бизнисмените како и нарцисоидните луѓе, а тотално бескорисна за останатиот вид на 'обични' корисници, додека други сметаат дека на овој начин би можеле да видат повеќе занимливи објави (под претпоставка дека објавите за кои плаќате би биле занимливи). Facebook напоменува дека оваа опција не е за секојдневна употреба, и не би требало да се користи за објавување на обични статуси, туку напротив таа е наменета за издвојување на поважни настани како што се родендени, венчавки или пак оглас за изгубено милениче, оглас за цимер и слично со што поголем број на корисници ќе бидат известени. Сепак многу е јасно дека оваа опција, ќе биде користена и од корисници кои само бидејќи имаат можност, ќе ги објавуваат сите свои (небитни) статуси, само за да бидат видени од поголем број на корисници.

Што мислите вие за оваа опција? Доколку би се наплаќало 100 денари за објава на слика или статус, колку корисници ќе ја користат оваа услуга?

 

Погледнете ги и следниве статии:

Дали некој некогаш, гледал подобра комедија од „Глуп и поглуп“

Направете кафе пауза со проверено добра музика!

Писмо од Ајнштајн се продава за три милиони долари

Пронајдете не на следниве мрежи: