Нобеловецот Џозеф Штиглиц предупредува од колапс на еврото, оценувајќи дека управувањето со кризата во еврозоната е фатално.
„Што се однесува до пакетот мерки за штедење, ситуацијата е сè полоша. Шпанија се наоѓа во депресија. Нема други зборови да се опише ситуацијата во една земја во која невработеноста е 25 отсто. Грција, исто така, е во депресија“, нагласи Штиглиц во интервјуто за виенскиот дневен весник „Стандард“.
Според него, еврозоната не успеала да ја врати довербата.
Штиглиц вели дека е неопходно долговите да се преземат од заедницата, додавајќи дека задолжувањата на еврозоната се помали од оние на САД, и ако сите земји заедно бараат кредити би можеле да ги добијат по разумни услови.
Виена, 04.10.2012. (Макфакс)
Пронајдете не на следниве мрежи: