Повеќе десетици работници на едно бродоградилиште упаднаа во четвртокот во зградата на Министерството за одбрана во центарот на Атина , затоа што со месеци не зеле плата, а редовно извршуваат работи за војската.
Демонстрантите ја провалиле вратата и влегле во дворот на воениот комплекс, а потоа го блокирале главниот влез во зградата на Министерството за одбрана.
Бидејќи војниците кои ја обезбедуваат зградата не можеле да ги сопрат работниците, а началникот на генералштабот генералот Михалис Костаракос не успеал да ги убеди работниците да излезат од воениот комплекс, на помош е повикана специјалната единица на полицијата.
Работниците не сакале да се повлечат ни по доаѓањето на полицијата и набрзо дошло до жесток судир во кој, според првичните информации, имало повредени на двете страни.
Атина, 04.10.2012 (Макфакс)
Пронајдете не на следниве мрежи: