Pin-up девојките се првиот фотошоп некогаш користен!

Loading...

Кога ќе се спомне pin-up, прво нешто што ви доаѓа на памет се девојки со силни облини, тесни половини, во разиграни фустани. Овие девојки, на граница со еротиката, со децении си поигруваат со машките умови. За нивен татко се смета Жил Елвгрен, илустратор и цртач, кој се стекна со слава токму преку овие девојки во педесетите години на минатиот век. Цртежите на пин ап девојките се правени на база на вистински црно – бели фотографии, кои Елвгрен, секако рачно, ги ретуширал, додавајќи им поинтересни позадини, накит, облини, рамен стомак и со тоа станал всушност првиот човек во историјата што може да се каже дека користел фотошоп! Уметноста на овој сликар може да се долови преку тоа што тој ниту една од овие девоки не ја претставува како секс-симбол или фатална заводничка, туку изгледа ко да е фатен само еден мал сегмент, момент, дел од нивниот живот, некогаш дури и несвесно, како да девојката не ни знае дека ја фотографираат, а сепак, децении подоцна, се уште не можеме да го тргнеме погледот од нив!

 

loading...
Loading...