Шуми повторно ќе се пензионира

 

По две неуспешни сезони, откако се врати на патеките во Формула 1, Михаел Шумахер реши повторно да се пензионира.

Германецот соопшти дека по завршувањето на сезоната ќе стави крај на кариерата, откако минатата недела „мерцедес“ потпиша договор со Луис Хамилтон која за оваа екипа ќе започне да вози во сезоната 2013 година.

„Решив да се пензионирам на крајот од сезоната. Чувствувам дека сум способен да се натпреварувам со најдобрите, но треба да знаете кога е дојдено времето да се каже збогум. Овој пат ќе биде засекогаш“, изјавил седумкратниот светски првак, 43-годишниот Михаел Шумахер. 

Германецот во кариерата настапил на 302 трки, забележал 91 победа, а 155 пати изборил место на подиумот, вкупно освоил 1.560 бодови, имал 68 пол позиции и извозел 77 најбрзи кругови. 

Шумахер во „првиот мандат“ настапуваше за Бенетон и Ферари, а во „вториот мандат“ за Мерцедес. 

Светски првак бил во 1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004 година. 

Дебито во Формула 1 го имал на трката за Големата награда на Белгија во 1991 година, каде една година подоцна ја запишал првата победа. Последен пат Шумахер победил на трката за Големата награда на Кина во 2006 година.

 

Макфакс

извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: