Седуммина македонски интернационалци ќе настапат во Лига Европа

 

Денес ќе се одиграат натпреварите од второто коло во Лига Европа, натпреварување во кое настапуваат седуммина македонски фудбалери.

Најтешка задача ќе имаат Горан Пандев, Агим Ибраими и Игор Митрески, Наполи на Пандев гостува во Ајндховен кај ПСВ, Ибраими кој беше стрелец во првото коло, со Марибор, во Рим ќе му се спротистави на Лацио, додека Митрески со Нефчи ќе го пречека Интер. 

Бриж на Иван Тричковски за противник ќе го има португалскиот Маритимо, Дарко Тасевски со Кирјон Шмона ќе го пречека Олимпик Лион, додека Стеауа на Даниел Георгиевски ќе игра против Копенхаген. 

Партизан на левиот бек Александар Лазовски во Русија ќе му гостува на Рубин Казањ. 

Група А:
Анжи-Јанг Бојс
Ливерпул-Удинезе

Група Б:
Академика-Хапоел Тел Авив
Атлетико Мадрид-Викторија Плзен

Група Ц:
Олимпик Марсеј-АЕЛ Лимасол
Борусија Менхенгладбах-Фенербахче

Група Д:
Бриж-Маритимо
Њукасл-Бород

Група Е:
Молде-Штутгарт
Стеауа-Копенхаген

Група Ф:
АИК-Дњепар
ПСВ-Наполи

Група Г:
Базел-Генк
Видеотон-Спортинг Лисабон

Група Х:
Нефчи-Интер
Рубин-Партизан

Група И:
Кирјат Шмона-Олимпик Лион
Спарта Прага-Атлетик Билбао

Група Ј:
Лацио-Марибор
Панатинаикос-Тотенхем

Група К:
Металист-Рапид Виена
Розенборг-Баер Леверкузен

Група Л:
Хановер-Леванте
Хелсингборг-Твенте.

 

Макфакс

извор: макфакс/ фото fifa.com

Пронајдете не на следниве мрежи: