УЕФА ја олесни касата на Вардар за 10.000 евра

 

Европската фудбалска унија, УЕФА, парично го казни македонскиот првак Вардар со 10.000 евра, поради употреба на пиротехника на неговите навивачи на мечот со БАТЕ Борисов.

Делегатот на реванш мечот од второто квалификационо коло во Лигата на шампиони, Словакот Ричард Хаврила, во извештајот за мечот Вардар-БАТЕ Борисов напишал дека за време на натпреварот имало употреба на пиротехнички средства. 

Делегатот во извештајот забележал и дека пред стадионот се точел алкохол. 

Дисциплинската комисија на УЕФА откако го разгледала извештајот на Хаврила му ја изрече паричната казна на Вардар.

 

Макфакс

извор: uefa.com

Пронајдете не на следниве мрежи: