3 знаци дека страдате од бруксизам – чкрипење со забите

Бруксизмот, односно триењето на забите за време на спиење, не е проблематично само за личност што спие до вас, туку може да предизвика и одредени здравствени проблеми. Имено, додека ги триете забите употребувате поголема сила отколку за време на џвакање.
Постојат два вида бруксизам. Првиот вид вклучува движење на долната вилица кое може да биде многу гласно. Вториот твид е стискање на забите без движење на долната вилица, со што нарушувањето е нечујно.
Некогаш се верувало дека бруксизмот е предизвикан од неправилната местоположба на горните и долните заби. Сепак, новите истражувања покажуваат дека оваа појава е психогена и е последица од тешкотиите поради големиот стрес, напнатост и анксиозност на кои сме често изложени поради брзото темпо на живот.


Понекогаш виновна е генетиката и таа е причина за 40% до 60% од случаите со бруксизам.
Триењето на забите е два пати почесто кај пушачите за разлика од непушачите, а причини можат да бидат и одредени лекови, дрога и алкохол.
Бруксизмот предизвикува прекумерно трошење и пукање на забите, како и болки во забите, вилицата, зглобовите на вилицата и главата. Доколку не го третирате нарушувањето со посебни навлаки за заби, со текот на времето може да настане голема штета.
Најчесто нарушувањето се појавува навечер, па пациентите не го ни забележуваат.
Сепак, постојат неколку симптоми што можеби укажуваат на бруксизам:
1. Пречувствителност на забите на топло, ладно, кисело или слатко.
2. Болка и неудобност во пределот на ушите за време на џвакање.
3. Болка и напнатост на мускулите на лицето, особено наутро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.