3 начини до квалитетно хидрирана кожа

Не чудете се ако кожата ви е претерано сува и дехидрирана. На неа влијае времето, условите, стресот, начинот на исхрана. Дехидрираната кожа е кожа на која и’ недостасува вода или која ја изгубила способноста да ја задржува водата, па сега е затегната, сува, а кај посериозните случаи може да забележите и црвенило и лупење.
Во продолжение, три едноставни начини како да и’ помогнете на кожата да биде доволно хидрирана.
Се’ започнува од исхраната
Не е изненадување дека пиењето вода е на врвот на приоритети, но треба да е во комбинација со здрави дози есенцијални масни киселини. Кожата внатрешно има способност да се меша со вода и да привлекува масти, тоа значи дека ни се поттребни и двете за да биде хидрирана. Храната како јатки, семки, авокадо и риба имаат позитивен ефект врз целокупната хидратација, а воедно можете да консумирате и омега суплементи.


Држете се понастрана од активните состојки
Состојките како киселини и ретинол прават чуда за кожата и навистина се брилијантни, но се додека погрешно ги користите, ќе имате сува кожа. Важно е да се најдебалансот меѓу активните состојки, антиоксидансите и спстпјќите за заштита. Наместо AHА (алфахидроксилна киселина) внесете PHA (полихидроксилна киселина) која ги има истите својства, но има поголема молекуларна тежина па не ја иритира кожата.
Хијалуронската киселина не е единствена опција
Иако хијалуронската киселина е одлична, постојат и други состојки кои ја хидрираат кожата. Таков е глицеринот, како природен навлажнувач на кожата. Навлегува длабински во кожата и штити од иритации. Одличен е за сите типови кожа, дури и за масна и склона на акни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.