3 начини како да сечкате кромид без да се насолзите

Сечкањето кромид секому претставува проблем бидејќи предизвикува течење солзи. Колку и да е безопасно и да минува брзо, нема некој што нема мака и не се нервира. Доколку сте осетливи на кромид, добро ќе се расплачете додека сечкате макар и само една главица, потребна за вашиот ручек.

Дали знаете дека постои начин кромидот да го исечкате без да ви потечат солзи?
Едно решение е даската за сечкање и ножот да ги пропрскате со сок од лимон.
Друг начин е кромидот да го ставите во замрзнувач 15 минути пред да го сечкате.

Трето решение е е да го излупите кромидот и да го оставите потопен во вода 15 минути.
Еден од овие три трика сигурно ќе ви успее, а вие ќе уживате во подготовката на ручек без солзи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.