1. Квалитет
Ниските цени можат да бидат навистина примамливи, но бидете рационални и обрнувајте внимание на сите материјали. Купувајте ги само оние парчиња кои ви изгледаат навистина квалитетно. Избегнувајте облека од најлон или полиестер. Исто така обрнувајте внимание и на брендот, бидејќи и тој може да биде гаранција за квалитет.
2. Трендови
Класичните парчиња облека се ретки во половните продавници и понекогаш изгледаат застарено. Но бидејќи трендовите постојано се вртат во круг, и во овие продавници можете да ги најдете парчињата што се на мода. Искористете го ова и купете си ги модните хитови многу поевтино.
3. Што да избегнувате?
Важно е да знаете и каква облека треба да избегнувате. Одредени парчиња облека најверојатно нема да траат долго и нема да изгледаат убаво.
Облека со украси: Бидете внимателни со облеката која има многу додатоци и украси, бидејќи можат да почнат да паѓаат многу брзо.
Оштетена облека: Немојте воопшто да давате пари за оштетена облека. Купете ја единствено ако знаете дека може добро да се поправи.
Валкана облека: Облеката којашто е валкана најверојатно ќе остане таква, без разлика колку ја перете. Секое парче што ќе го купите треба да биде чисто и да изгледа што е можно подобро.