3 трикови за чистење со памук
Убавината е во тоа кога на обичното ќе му најдеме необична примена, нели? Еве како да ги примените топчињата од памук за одржување на свежината и чистотата во вашиот дом:
Освежувач на воздухот
Земете едно топче памук и натопете го во омилениот парфем, ваш или на партнерот. Памукчето ставете го во ќесата од правосмукалката. Така, како што ќе чистите ќе се испушта пријатен мирис од парфемот и ќе се распространува низ просторот.
Освежувач во фрижидерот
Фрижидерот честопати мириса на некои силни ароми од јадења. Натопете едно топче памук во екстракт од ванила и ставете го на вратата од фрижидерот. Така, тој ќе врши улога на дезодоранс и ќе шири пријатна миризба во фрижидерот.
Со памук против мувлата
Во бањата секогаш има тешко достапни ќошиња кои не се чистат така лесно. Натопете неколку топчиња памук во избелувач и поставете ги на тешко достапните места за чистење. Оставете го белилото да делува неколку часа и потоа поминете со топла вода.