3 хороскопски знаци на кои ќе им се насмее љубовта овој месец: Вагите ги очекува вистинска холивудска приказна

Loading...

Последниот месец од ова лето може да го промени љубовниот живот на некои. По жешкиот и бурен јули за некои хороскопски знаци, ова ќе биде многу романтичен август.

Лав

Сите жени кои родени во знакот на Лав, кои сè уште не се во врска, ќе бидат заинтересирани за два сосема различни типови мажи овој месец. Ќе ви се допаѓа изгледот кај еден тип на мажо ,а шармот ќе ве привлекува од друг тип. Ќе имате тешка задача да го изберете вистинскиот партнер. По долго двоумење, ќе го послушате срцето.

Можно е дека ќе се појави љубомора заради лицето кое секојдневно поминува време со вашиот партнер. Најпаметно би било да разговарате со него, а откако ќе ја разјасните ситуацијата, вториот дел од месецот ќе помине без грижи во полето на љубовта.

Вага

Дали сè уште го барате вашиот партнер? Сега е вистинското време да го пронајдете. Ако има некој во вашиот живот што ви се допаѓа, овој месец ќе имате шанса да направите чекор еден кон друг. Ве чека вистинска холивудска љубовна приказна , која ќе изгледа како целиот свет се врти околу вас и вашиот нов партнер.

Сите Баги кои во моментот се во врска, можно е дека ќе почувствуваат заситеност од партнерот. Ако се чувствувате вака, замолете го вашиот партнер да помине некое време одвоено.

Водолија

Ако немате партнер сега, време е да пробате да запознаете некого преку Интернет. Познанствата преку интернет можат да бидат волшебни и мистериозни. Веројатно ќе поканите некој привлечен странец во вашиот живот кој ќе ве заинтригира. Тоа може да прерасне во сериозна врска.

Ако веќе сте во долга врска, овој месец ќе помине мирно. Ќе поминете многу време заедно, што ќе ја продлабочи вашата врска и ќе ги зајакне вашите емоции. Запомнете да посветите некое време на себе.

loading...