3 чекори за да го подготвите вашето тело за летниот период

Летото официјално и календарски започнува. Некои веќе започнаа со подготовки за летните денови, но и за оние кои се уште не започнале, не е доцна. Покрај убавиот изглед на плажа, на телото му е потребна поготовка и за ефектите од топлината и сонцето. Низ овие три важни чекори на подоготовка можете да ги поминете топлите денови без мака.

Вежбање
Придобивките од редовното вежбање не само што ќе направат да ги намалите вишокот килограми, туку и трајно ќе ве ослободи од вишокот маснотии и ќе ви овозможи формирање на тонирана мускулатура која во топлите денови ни е поизложена поради кратката облека која ја носиме. За да имате добар ефект од вежбањето, многу е важно тоа да го правите редовно и на правилен начин.
За оние кои никогаш не вежбаат, добар почеток би бил секојдневното пешачење на подолга дистанца. Покрај тоа што ќе изгледате подобро, со редовна активност и ќе се чувствувате подобро и полесно во деновите проследени со високи температури. На тој начин вашиот метаболизам ќе започне да работи побрзо и побрзо ќе ги троши калориите кои ги внесувате, што не води до наредниот чекор кој е потребен да го преземете за да се одржите во топ форма.


Исхрана
Топлите температури ни наложуваат да јадеме и полесна храна, со помалку калории. Потребно е да јадете многу зеленчук, овошје во ограничени порции бидејќи тоа сепак содржи шеќери кои доколку ги консумирате во прекумерни количини, може да ве здебелат. Многу важно, а можеби и најважно кога станува збор за храната е да консумирате доволно количество на протеин, особено доколку вежбате.

Хидратација
Трето, но не и помалку важно, е да ја зголемите консумацијата на вода за да му ја овозможите потребната хидратација на важето тело. Шеесет проценти од телото е вода. Истражувањата покажуваат дека адекватниот внес на вода помага при намалување на килограмите, ја прави кожата поубава и поеластична, го намалува чувството на изнемоштеност поради топлина.
Иако многу се дебатира околу тоа колку вода треба да испиеме во текот на денот, добар пример по кој можеме сите да се водиме е тоа да ја забележиме бојата на урината. Доколу бојата на урината до попладневните часови е бистра, тогаш вие сте испиле доволна количина на вода која му е потребна на огранизмот. Пожелно е поголемо количество на вода да се пие во првата половина од денот, за да не се зголемува потребата за мокрење во ноќните часови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.