3 знаци дека жената сака да се откаже од врската: Обрнете внимание на нив

Раскинувањето никогаш не е лесно, особено ако сте со таа личност долги години. И точно е, на човек му треба одреден период за да размисли за таква одлука, и колку и да сте сигурни во тоа, не е лесно да ја донесете и да ја изговорите на глас.

Иако жените се поемотивни и потешко носат вакви тешки одлуки, особено од ваков вид, љубовните стручњаци велат дека кога жената ќе одлучи дека е готово, дефинитивно е готово.

Ако се сомневате во љубовта на вашата партнерка, побарајте суптилни знаци дека таа се откажува од вас и од врската пред да биде предоцна.

Не ве вклучува во општествениот живот
Ако порано постојано излегувавте и одевте на вечери со пријателите, а таа веќе не ве кани на заеднички дружења, можеби треба да бидете загрижени. Како што вели „Yourtango“, поминувајќи време со други луѓе ја пополнува празнината што почнала да ја чувствува за вас.

Вашето мислење повеќе не е важно
Некогаш бевте нејзиното безбедно пристаниште, рамо за плачење и првата личност која секогаш ги знаеше нејзините проблеми. Таа често го слушаше и применуваше вашиот совет, но тоа веќе не е така.

Ако се обидете да и кажете нешто корисно и таа брзо „ве исклучи“, јасно и гласно ви кажува дека не и е грижа. Внимавајте оваа реакција да не ве натера да мислите дека е добра работа бидејќи таа презема повеќе работи на себе. Вие сте тим, а тимовите донесуваат одлуки заедно.

Избегнува интимни односи
Во врските, нормално е дека понекогаш има повеќе, а понекогаш помалку страст. И тоа не е ништо страшно. Меѓутоа, доколку забележите дека постојано има главоболка, ја боли стомакот или не е расположена за интимност, обидете се да разговарате за тоа, бидејќи има големи шанси да се отвори и искрено да ви каже за што се работи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.