3 НАМИРНИЦИ КОИ МОЖАТ ДА ГО ЗАМЕНАТ МАЈОНЕЗОТ: Со нивна помош ќе ги намалите маснотиите

Многу луѓе секогаш бараат едноставни начини да ги направат своите оброци поздрави, и со овие совети ќе внесете помалку калории додека вкусот на храната сепак ќе биде одличен.
Ако сте љубители на сендвичи со салата од туна, пилешко или јајца, овие три намирници можат да ви помогнат да го зголемите нутритивното ниво на вашиот оброк и да го намалите внесот на калории. Наместо мајонез, можете да користите:
Хумус:


Лекарите советуваат да користите намази со хумус наместо мајонез, кој има помалку калории и е богат со протеини и здрави масти.
Домати:


Наместо да користите голема количина мајонез, заменете половина со свежи домати, со што ќе ги намалите калориите и ќе додадете повеќе хранливи материи.
Авокадо:
Оваа популарна и вкусна храна ќе ја направи вашата храна кремаста и ќе ги зголеми здравите масти на сендвичот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.