Храната е лек, но исто така таа може да биде и отров, или пак лошо да делува на одбранбениот систем на нашето тело.
Истражувањата потврдиле дека најголеми саботери на имунитетот се газираните сокови, алкохолните пијалаци и разни замрзнати јадења.
Начинот на живот и прехрана значително влијае на тоа колку нашиот имунолошки систем може да нè заштити од болестите и колку брзо би закрепнале.
Освен спиењето, вежбањето и намалениот стрес, содржината на хранливите состојки во храната која што ја јадеме може наголемо да влијае на тоа колку сме добро подготвени за борба против некоја болест.
„Вообичаениот начин на прехрана со овошје, зеленчук, житарки, немасни протеини, јаткасти плодови и семки ќе го одржи вашиот имунолошки систем и истиот ќе може да ве заштити кога ви е најпотребно“, вели нутриционитот д-р Марги Саидел.
Секако, постојат намирници и пијалаци кои што имаат многу ниска хранлива вредност, а претераното уживање во нив е поврзано со дијабетесот и другите хронични заболувања.
Според Саидел, таа храна може да ви го загрози вашиот имунолошки систем и неговата способност да ве одржи здрави.
Што треба да ибегнувате за да ја подобрите способноста на вашето тело да ве заштити од болести?
1. Газирани пијалаци
„Газираните пијалаци засладени со шеќери не носат ништо освен празни калории од шеќерот“, вели д-р Саидел.
Освен што влијаат на вашата дебелина, со нив се поврзани и хронични болести кои се поврзуваат со потиснат имунолошки систем, а прекумерната консумација на шеќер исто така може да ги зголеми воспаленијата, како и да ја загрози способноста на борбата со болестите.
2. Алкохолни пијалаци
На листата причини за намалување на внес на алкохол во организмот додадете го и ослабнатиот имунолошки систем.
„Прекумерното пиење алкохол може да доведе до намалување на способноста на вашето тело да се бори со болестите, а може да ве направи и почувствителни на воспаление на белите дробови и други белодробни заболувања, побавно лечење на раните и побавно закрепнување од болестите“, вели д-р Саидел.
3. Замрзната храна
Ова најмногу се однесува на готовата замрзната храна, затоа што за разлика од замрзнатиот зеленчук таа не содржи никакви нутриенти, туку исклучително празни калории.
Иако во ова модерно, брзо време сите сè почесто посегнуваме по таквите брзи решенија, кога станува збор за храната, секогаш поздраво е да си направите на пример пржени јајца, отколку да консумирате готов оброк кој што ќе го загреете во микробранова печка или пак рерна, објаснуваат експертите.