3 неизоставни трендови за убавина за оваа сезона

Оваа сезона вниманието повторно е насочено кон природната убавина и едноставната шминка. Актуелни се трендовите за убавина што всушност им годат на повеќето жени. Погледнете ги трендовите што ќе бидат хит.
1. Руменило со топли нијанси
Нежно розовите и нијансите на праска ќе ѝ дадат свеж и здрав изглед на вашата кожа. Тие се неизоставен чекор во постигнувањето на „голиот“ изглед.


2. Лакови за нокти со неутрална нијанса
Овде спаѓаат нијансите како лаванда, нежно розова и шампањ. Тие им даваат нежен и женствен изглед на дланките, па оваа сезона ќе бидат најпопуларни бои за нокти.


3. Јога тен
Ова е техника на шминкање што ѝ дава природен сјај и свежина на вашата кожа. Блескавата кожа ќе ја истакне вашата природна убавина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.